Првиот меѓународен саем на книгата "Подгорица 2015" почнува на 18 ноември
На саемот покрај домашните ќе се претстават и издавачи од Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија
?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ПодгорицаПОДГОРИЦА (АА) – Од среда, 18 ноември Подгорица ќе биде домаќин на нова културна манифестација во Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот меѓународен саем на книгата "Подгорица 2015" ќе се одржи од 18 до 22 ноември, а гостин на манифестацијата е Албанија. На саемот покрај домашните ќе се претстават и издавачи од Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.
Првиот меѓународен саем на книгата "Подгорица 2015" е нов литературна манифестација настаната по иницијатива на главниот град на Црна Гора, а во организација на Секретаријатот за култура и спорт, со поддршка на Министерството за култура и на Капитал Плаза.
Како што соопштија орагнизаторите, на саемот ќе се претстават повеќе од 70 автори и 55 издавачки куќи од целиот регион.
Уметничкиот директор на саемот, Владимир Војиновиќ изјави дека концептот на програмата се водел од потребите на издавачите на Црна Гора.
На публиката во Подгорица ќе ги претстават црногорските издавачи ОКФ, ЦДНК, Црногорска Матица Алманах, Факултет за црногорски јазик и литература, Плима, Црногорскиот ПЕН Центар, Националната библиотека, ДТП, ЦИД, додека пак во галеријата ќе се одржат книжевни промоции, трибини, тркалезни маси и други програми.
"Личноста кои публиката ќе може да ги проследи и слушне оваа недела се Ласло Вегел, Младен Ломпар, Димитрије Поповиќ, Адиса Башиќ, Радован Радоњиќ, Вујица Огњеновиќ, Сретен Перовиќ, Zuvdija Хоџиќ, Новак Килибарда, Аднан Циргиќ, Александар Радоман, Фарук Шехиќ, Данило Радојевиќ, Асановиќ Сретен, Александар Бечановиќ, Вида Огњеновиќ, Неџад Ибрахимовиќ и Бранко Чегец ", рече Војиновиќ.