????? ????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА)- Во галеријата на Чифте Амам во Старата скопска чаршија, вечерва е отворена изложбата "Султаните во Скопје" од турскиот сликар Исмаил Аџар, во организација на Турскиот културен центар “Јунус Емре", јавува Аnadolu Аgency (AA).
На отворањето на изложбата присуствуваше амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, државниот секретар за култура, Бехиџудин Шехаби, претставници на невладини организации, претставници на други турски институции и компании во Македонија, академски граѓани и љубители на сликарството.
Шолендил му се забглагодари на “Јунус Емере“ за организација на изложбата,а посебна благодарност упати до светски познатиот турски уметник за изложбата со која ја одразува задничкатата култура и историја.
Директорот на Турскиот културен центар Мехмет Самсакчи рече дека оваа изложба има голема уметничка вредност и дека е нешто што останува.
“Среќни сме што ја отвораме оваа изложба на Исмаил Аџар, светски познатиот сликар од Турција кој има голем број на самостални и заедничи изложби, чиишто слики се многу впечатливи” , рече Самсакчи.
Исмаил Аџар, авторот на сликите за кои е приредена изложбата рече дека оваа изложба е продолжение на серија изложби одржани во Венеција, султаните во Рим и султаните во Виена и сега во Скопје.
Авторот изрази задоволство што има можност по втор пат неговите слики да бидат изложени во Скопје.
Изложбата содржи вкупно 48 дела изработени во масло на платно, главна тема на изложените дела се Османлиските Султани, Изложбата со наслов “Султаните во Скопје" ќе биде отворена до 22 ноември 2015 во Галеријата на Чифте Амам во Скопје.