Dzihat Aliju
31 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ТИРАНА (АА) - Во Тирана започна 25-то Генерално Собрание на Унијата, на Медитерански новински агенции (AMAN), јавува Anadolu Agency (AA).
Албанската новинска агенција (ATA) е домаќин на Собранието, на кое покрај Anadolu Agency учествуваат вкупно 22 претставници на новински агенции.
Претседателот на Собранието на Албанија, Илир Мета, во својот говор на отворањето на Генералното собрание истакна дека за презентирање на туристичките потенцијали на земјите од Средоземното Море, потребна е соработка меѓу новинските агенции и значењето на интеракцијата меѓу луѓето.
„Медиумите секогаш мора да се објективни. Презентацијата е една од фокусните точки на соработката. Привлекувањето туристи ќе помогне на нашите држави. Тоа ќе овозможи подобрување на имиџот на регионот, зголемување на потенцијалот и поголем број на туристи“, истакна претседателот на албанското собрание, Илир Мета.
Генералниот директор на АТА, Гезим Подгорица, изјави дека се горди што се домаќини на оваа ораганизација, надевајќи се дека ќе имаат свој придонес во зголемувањето на соработката меѓу членовите на AMAN.
Утре завршува 25-то Генерално собрание на AMAN на кое се разгледува туризмот и важноста на медиумската презентација на туристичките потенцијали.
Утре AMAN ќе ѝ ја додели наградата за најдобра фотографија на Озге Елиф Кизил, фотограф на АА.
На состанокот во Тирана претставници од Anadolu Agency се главениот и одговорен уредник за визуелни вести, Ахмет Сел и уредникот на Албанската и Македонската редакција, Аднан Идриз.