Fatjon Cuka
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ТИРАНА (АА) - Како и во секој главен град во светот, и Тирана на прагот на новогодишните празници го менува својот изглед. Празничната атмосфера е доловена со орнаментите и декорите направени од страна на општината на главниот град, но, исто така, и од страна на самите граѓани.
Anadalu Agency (АА), спроведе истражување во областите и главните улици на Тирана, каде што може да се види поинаквиот и украсениот иизглед на градот. Декорот во градот, шарените светилки, украсите од страна на граѓаните во нивните домови, продажбата на украсните производи, во овие последните денови од 2015 година, со разлика од другите месеци од годината ја трансформираат Тирана во метропола.
За време на празниците, Општина Тирана ги украси главните улици во градот и плоштадот "Мајка Тереза", планирајќи градот да го трансформира во еден забавен простор за граѓаните и децата во овие последни денови од годината. За Божиќ и Нова Година, од општината на главниот град на Албанија, дошле до идеја просторот на плоштадот "Мајка Тереза" да го претворат во добра празнична средина каде што луѓето можат да го поминуваат своето време и да се забавуваат.
Но, исто така и граѓаните се оние кои се грижат за декорирањето на градот и населбите каде што живеат, без разлика дали во градот, па дури и надвор од него, особено во своите домови, што претставува долгогодишна традиција за секое албанско семејство.
Градоначалникот на Општина Тирана, Арион Велиај, претходно ја објави неговата идеја, Тирана да се претвори во епицентар на празниците за целиот месец декември.
Во соработка со претпријатија од општината се украсени булеварот "Маченици на Нацијата" булеварот "Зогу I" Улицата "Муслм Шури" , улицата "Драч", улицата "Кавала". Се очекува дека декорирањето продолжи да го менува изгледот Тирана.
За време на новогодишната вречер во Тирана владее празнична атмосфера, каде што луѓето со "спектаклот" на огнометите го пополнуваат центарот на албанскиот главен град.