Stipe Mayiç
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Тифолошкиот музеј во Загреб е еден од реките самостојни музеи во светот наменет за слепите лица и лица со слаб вид. Музејот го претставува развојот на општествениот статус на лица со инвалидитет на видот, развојот на писмата за слепите, уметноста на слепите лица, но и останати експонати посветени на загрозени општествени групи.
Тифолошкиот музеј (грчки: typhlos – слеп, logos – наука) се наоѓа на загребската адреса Драшковиќева улица 80 од 1956 година, а самиот музеј е основан три години претходно.
Во истата зграда, до која водат патеките за слепи, се наоѓа и Хрватската библиотека за слепи и Хрватскиот осјуз на слепи при кој работат и голем број на здруженија, како што е Шаховскиот сојуз за слепи кој оваа година ја обележува 60 годишнина од своето успешно работење. Anadolu Agency носи интересни факти за објектот.
Посебно интересната серија на експонати ја прави музејското прикажување на писмата за слепи, од неговото создавање до современо Брајово писмо, кое со усогласување на хрватското здравство со европското, стана неизоставен дел на испис на лекови.
Винко Бек кон крајот на 19 век, ова писмо, таканаречено Брајово писмо, го прилагоди со хрватскиот азбучен состав, односно буквите „č, ć, dž, đ, š, ž ” .
„Општественото занемарување на слепите лица престана во почетокот на просветителството во 18-ти век. Со афирмацијата на Брајовото писмо, кон крајот на 19-ти век, слепите лица добија единствено писмо на кое почнаа да се умножуваат книгите и со што е создадена универзална комуникација на слепите лица во светот”, вели Луција Шода, вишиот кустос на музејот.
Во прилог на историскиот дел, музејот изложува и кипарски трудови на двајца слепи уметници, чии оригинали се наоѓаат под стакло, а репликите се достапни за визуелено но и за тактилно доживување за лицата со пречки во видот.
Посебен дел од музејот е црната или темната соба во која посетителите немаат пречки со видот и можат да почуствуваат како е да се биде слеп. Собата е потполно мрачна, без никакви визуелни сензации, а сето она на кое посетителот може да се потпре се допирот и слухот. Во таа соба можат да се препознаат изложени предмети, но и звукови кои се појавуваат по отворање на лизгачкиот прозорец за кој претставува вистинска умешност да се детектира во потполна темнина.
Хрватската библиотека за слепи, која се наоѓа во истата зграда, на своите корисници им позајмува голем број на книги на Брајово писмо или во звучен формат, на ЦД или онлајн. Право на користење на библиотеката имаат само членовите на библиотеката кои имаат потешкотии во читањето поради видот, дислексија и други пореметувања.