Besar Ademi
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со разлинчи активности се одбележува 106-годишнината на раѓањето на Мајка Тереза, која на 4 сепрември ќе биде прогласена за светица во Ватикан од страна на Папата Франческо. Во кабинетот на градоначалникот на Скопје беше презентирана и манифестацијата „Денови на Мајка Тереза" која ќе се одржи во Скопје од 4 до 11 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Манифестацијата ќе почне дента кога ќе биде назначена за светица, при што ќе се организира изложба во спомен-куќата на Мајка Тереза.
Во следните денови ќе се одржуват различни активности во катердрали, свечена академија во МАНУ (Македонската академија на науки и уметности), хуманитарни активности како и други активности на кои предвидено присуство на високи државни претставници.
Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, сопшти дека за манифестацијата „Деновите на Мајка Тереза" е издвоена сума од еден милион денари.
„Голема гордост е да се почитува нејзиното дело, човечтвото и лубова која што ширеше Мајка Тереза ќе биде спомнато од Скопје и Македонија", изјави тој.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Валентина Божиновска, рече дека овој ден има голема симболика за Македонија.
„Мајка Тереза ги обедини љубовта и хуманоста. Нашата сограѓанка, скопјанката Мајка Тереза токму од Скопје тргна кон Индија и ја почна својата хумана мисија. Скопје со гордост го чествува нејзиното дело", рече Божинаовска.
Во чест на роденденот на Мајка Тереза во Собранието на Република Македонија денес попладне ќе се додели државната награда „Мајка Тереза", која се доделува за големи достигнувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за стимулирање, напредок за меѓусебно рабирање и развој на соработката меѓу народите и припадниците за различните културни и верски заедници.