Admir Fazlagic
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на многубројни гости меѓу кои личности од јавниот, културниот и академскиот живот Турскиот културен центар „Јунус Емре" во Скопје вечерва организираше ифтар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својство на организатор на вечерта на присутните гости ги поздрави доц. Д-р Мехмет Самсакчи, директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре" во Скопје кој го искажа своето задоволство поради одзивот на поканетите гости и убавото ифтаско дружење.
Истакнувајќи дека вечерва е Големата ноќ за верниците од муслиманска вероисповед (Ноќта на кадр), поради што, како што рече, во една вечер сакаше да приреди ифтар за дипломати, академици, медиуми, уметници, курсисти и други гости.
„Деновите на Рамазан секогаш се пригодни за дружење, време кога луѓето ги покренуваат пријателстките чувства, тажни поради терористичките напади во Истанбул го организиравме овој ифтар каде ги соединивме срцата”, изјави Самсакчи додавајќи дека на ифтарот се присутни околу 200 луѓе.
На вечерашниот ифтар, меѓу бројните гости присуствуваше и Мехмет Селмани, директор на Националниот конзерваториски центар.