Vedat Yücebaş
10 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
БУРСА (АА) – На свечената програма организирана од страна на Здружението на Млади скопјани од Бурса, присуствуваа претставници на над 40 балкански здруженија од цела Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На манифестацијата на која на присутните им беше послужен бурек и слатки од регионот на Балканот (Румелија), присуствуваше и еден естраден уметник а се изведоа и народни игри и ора од балканските земји.
Истакнувајки дека на оваа програма присуствувале над 40 балкански организации од другите градови низ Турција, претседателот на здружението Џемил Вардар рече, “оваа програма има за цел да ја обедини балканската заедница. Ако гледаме во посетеноста, можеме да речеме дека сме ја постигнале целта”, рече Вардар.
На овој настан присуствуваа заменик-градоначалникот на Бурса Абдулкадир Карлик, градоначалникот на Бурса Мустафа Дундар, пратеници од градот Бурса, претставници на балканските здруженија и други гости.