Yeşim Sert Karaaslan
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Ефкна Ала изјави дека се притворени 15 лица во врска со терористичкиот напад во Бурса, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Ала, пред Средбата на Високиот совет за борба против дрогата со која претседаваше Вицепремиерот Нуман Куртулмуш, ги информираше новинарите за терористичкиот напад во Бурса.
„Имаме силни докази во врска со организацијата. Која и да е организацијата... Имаме докази. Кога ќе се разјасни која е организацијата, ќе дадам изјава. Притворени се 15 лица од повеќе делови на Турција. Во моментов нема да ги именувам регионите", истакна министерот Ала.
По програмата во Анкара, министерот Ала заминува за Бурса, од каде ќе даде изјава поврзана со последните случувања.