Ali Semerci,Emad Matar
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Амбасадорот на Саудиска Арабија во Анкара, Велид бин Абдулкерим ел-Хирејџи, изјави дека неговата земја се солидаризира со Турција, по повод годишнината од неуспешниот обид за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, писмено соопштение објави саудискиот амбасадор Хирејџи, во кое упатува пофалби за свесноста и силата на турскиот народ, што против пучистите, кои за цел ги имаа безбедноста и стабилноста на Турција, сѐ остави настрана и застана покрај своето раководство.
Хирејџи изјави: „Во историјата на народите, постојат пресвртни точки кои се од животно значење. Неуспешниот обид за државен удар на 15. јули минатата година во Турција е една од тие (пресвртни точки)”.
Тој понатаму оценува: „Турција денеска ја одбележува годишнината од неуспешниот пуч. Овој настан, во кој народот излезе наспроти оние кои за цел ги имаа безбедноста и стабилноста на Турција и како едно тело, моќно застана покрај своите лидери, покажувајќи ја големата свесност на турскиот народ, кој со својата импресивност и решителност, покажа дека станува збор за посебен случај”, наведе Хирејџи.
Турскиот народ тој ден ги поддржа своите институции и ја одбрани политичката стабилност. Владата од Анкара сфати дека се соочува со голем предизвик кој треба одлучно и умно да го реши и донесе одлука во интерес на народот, пред нивни очи, земјата да ја издигне на едно ново ниво.
Зборувајќи за преминот кон претседателскиот систем, амбасадорот Хирејџи во својата писмена изјава истакнува дека Турција, во моментов доживува транзиција и се наоѓа пред една пресвртна точка. За да може земјата да стои исправена пред предизвиците, да ги надмине потешкотиите, потребно е вложување на заеднички напори.
Во врска со надворешните односи на Турција, Хирејџи истакна дека од големо значење за Турција се историските и културните врски со земјите од регионот, особено од соседството.
Амбасадорот Хирејџи наведува дека неговата земја придава големо значење на зацврстувањето на односите со Турција, и се солидаризира во врска со обидот за државен удар. Тој истакна дека со цел Турција да стане побезбедна, помирна и попросперитетна земја, посакува таа помоќно да застане наспроти сите оние кои сакаат да го потресат мирот, безбедноста и стабилноста на земјата.