Almir Terzic,Lejla Bıogradlıja
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ДУБРОВНИК (АА)- Турската авио компанија (ТАК), од 10-ти мај, со почетокот на летовите Истанбул-Дубровник, ќе поврзува уште една точка од Балканот со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На само неколку дена до првиот лет на релација Истанбул-Дубровник, Градоначалникот на Дубровник Андро Влахусиќ, во интервјуто за АА ја искажа вредноста на новата линија за односите меѓу двете држави.
Имајќи ја в предвид географската положба на Хрватска како земја меѓу Медитеранот и Југоисточна Европа, и фактот што Хрватска е земја членка на ЕУ, според Влахусиќ, новата авио релација на Турција ќе и овозможи значајна врска по воздушен пат со Европската Унија.
“Летовите на ТАК на релација Истанбул- Дубровник, ќе претставуваат почеток на нови приказни, кои ќе ги збогатат вековно одржливите односи помеѓу Истанбул и Дубровник, т.е. меѓу Турција и Хрватска”, рече Влахусиќ, и истакна дека Хрватска и Турција покрај добрите односи во туризмот, културата и политиката, поседуваат и взаемно почитувани пријателски врски.
-Покана до Давутоглу
Градоначалникот пренесе дека го смета Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, за личност кој добро го познава градот Дубровник и кој ги вреднува односите на Турција со Балканските држави, притоа додавајќи го следното:
”Испратив писмена покана до Премиерот Давутоглу. Не знам дали ќе пристигне со првиот лет, но во исчекување сме на неговото доаѓање во Дубровник”.
Влахусиќ напомена за воведувањето на визите кон Хрватска за граѓаните на Турција, по влезот на Хрватска во ЕУ.
“Одлуките за визите генерално ги донесува Брисел. Остварувањето на ново создадениот договор меѓу Турција и ЕУ, е во зависност од разврската од бегалската криза. По нејзиното решавање, според договорот визите ќе бидат стопирани. ЕУ ќе треба да донесе одлука за нивно отстранување, рече тој”.
Постојат особено добро односи со инвеститорите од Турција, истакна Влахусиќ, при тоа наведувајќи ја новата инвестиција од Турска компанија на Јадранското крајбрежје, која ќе го гради новото големо пристаниште во Груз (Дубровник) следната година.
-Туристите ќе имаат можност за посета на Јадранското крајбрежје
Новата авио - релација Истанбул-Дубровник, од 10 Мај ќе создава можност за посета на туристите во поголем број, истакна Роко Толиќ , директорот на аеродромот во Дубровник, кој веќе има постигнато договори за воздушна врка со уште 53 авио-компании.
Според него, со новата релација се очекува зголемување на резервациите од Јапонија и Јужна Кореја, што ќе придонесе за поврзување на Азија со Европа.
Претставувајќи го Дубровник,како град со богата културна и гастрономска понуда во текот на сите 12 месеци, директорот изјави дека со спогодбата со ТАК, за Дубровник се отвора една нова врата кон светот. Имајќи ја в предвид политика на пристапни цени на турската авио компанија, Толич истакнува дека новата авио линија ќе биде од полза истовремено за фирмите, како и за патниците.
По линијата кон Загреб, хрватскиот главен град, ТАК, ќе ја воспостави втората воздушна авио линија кон Хрватска, поврзувајќи се со градот Дубровник, една од светски најпосакуваната туристичка дестинација.