Ekipa
21 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
БРИСЕЛ (АА) – ЈУСУФ ХАТИП / ATA УФУК ШЕКЕР -
„Работиме на тоа на почетокот на март во Букурешт да се одржи самит меѓу Турција и ЕУ, на кој ќе учествуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган и други официјални претставници“, изјави Теодор Мелешкану, претседател на Советот на Европската Унија (ЕУ) и министер за надворешни работи на Романија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мелешкану во Брисел, за дописникот на АА, ги оцени тековните односи меѓу Турција и Европската Унија.
Мелешкану, истакнувајќи дека „силно“ го поддржуваат продолжувањето на преговорите со Турција, нагласи: „Работиме да организираме самит во Букурешт каде што ќе учествуваат претседателот Ердоган и претставниците на ЕУ. Се разбира, ако даде Господ, и ако сѐ се одвива како што е планирано. Сѐ уште немаме одреден датум, но овој самит најверојатно би можел да се одржи на почетокот на март“, истакна Мелешкану.
- Состанок на Советот за партнерство Турција – ЕУ
Во врска со последниот состанок на Советот за партнерство меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ) одржан во 2015 година, Мелешкану изјави: „(како претседател на Советот на ЕУ) Еден од нашите први предлози е повторно да се одржи состанок на Советот за партнерство меѓу Турција и ЕУ. Нашата цел е да се забрзаат преговорите за различни прашања. Меѓу тие прашања вклучено е и ажурирањето на Царинската унија.“
Советот за партнерство, кој претставува највисоко тело за донесување одлуки меѓу ЕУ и Турција, не заседаваше три и пол години.