Cüneyt Karadağ
21 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
БЕРЛИН (АА) - Владата на Германија ѝ ја укина дозолата за летање во Германија на иранската авиокомпанија „Махан ерлајнс“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за транспорт, Зимоне Бузер, на прес-конференцијата одржана во федералниот прес-центар, соопшти дека од денеска стапува во сила откажувањето на важноста на дозволата за летање на споменатата авиокомпанија.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Кристофер Бургер, посочи на интересите на надворешната политика на Германија и додаде дека одлуката е донесена поради потврдените активности на иранската тајна служба во Европа, вклучувајќи ги и активностите на Иран на Блискиот Исток.
Германските медиуми напишаа дека забраната за лет во Германија за иранската авиокомпанија „Махар ерлајнс“ е донесена поради сомневање дека се користи од страна на Иранската револуционерна гарда, и во воени цели и во терористички активности.
Во вестите објавени во „Зидојче“ (Süddeutsche), WDR и NDR, се наведува дека иранското раководство планира во Европа да изведе напади и атентати, а на авиокомпанијата „Махан“ ѝ е укината дозволата за лет, под сомневање дека се користи за воени и терористички цели.
Авиокомпанијата „Махан ерлајнс“ во Германија леташе кон дестинациите Минхен и Дизелдорф.