Betül Yürük
19 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш за предлогот, на длабочина од 20 милји (32 километри) на северниот дел на Сирија да се оформи безбедносна зона, изјави дека треба да се земе в предвид оправданата загриженост на Турција кога станува збор за безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Гутереш прес-конференцијата ја одржа во седиштето на ОН, на која зборуваше и за случувањата во Сирија.
„Веруваме дека решението за Сирија треба да се состои од три принципи. Првиот, треба да постои единство и територијална целост на Сирија. Вториот принцип, треба да се земе в предвид оправданата загриженост на Турција кога станува збор за безбедноста. Трето, треба да се земе в предвид разновидноста на сирискиот народ и да се дозволи да се слушне гласот на сите делови на општеството, смета Гутереш.
Запрашан дали ОН ќе покрене меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, Гутереш изјави дека тој нема овластувања за покренување на истрагата.
Тој изјави дека истрагата може да ја покрене доколку Советот за безбедност на ОН одлучи дека дошло до закани на мирот и безбедноста и му даде овластување.
„Јас немам овластување за покренување на кривична истрага и ниту една земја не упати барање. Една од можностите за донесување на одлуки во ваквите случаи е Советот за човекови права на ОН. Доколку земја членка упати барање, има многу методи кои Советот за човекови права на ОН може да ги користи“, појасни Гутереш.
Тој најави и присуство на Светскиот економски форум кој од 22 до 25 јануари ќе биде одржан во Давос, Швајцарија. Гутереш смета и дека САД и Северна Кореја треба што побрзо да започнат со преговори за да се утврди мапата на патот за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.