Halil İbrahim Başer
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
ГАЗА (АА) - Со благонаклоност и љубов беше дочекана делегацијата која ќе ја подели хуманитарната помошта на оние на кои им е најподребна. Оваа помош бродот „Lady Leyla" ја достави до израелското пристаниште АШДОД, благодарение на договорот кој што го постигнаа Турција и Израел.
Делегацијата која ја предводи Претседателот на Турската црвена полумесечина, Керем Киник, за распределување и координација на хуманитарната помош, денеска од граничиот премин кај Ерез влезе во Газа.
Делегацијата со големо внимание беше пречекана од палестинските официјални лица и голем број граѓани. Покрај тоа, децата од сиропиталиште, со турски и палестински знамиња и цвеќе ја пречекаа делегацијата.
Претседателот на турската полумесечина Киники заедно со делегација, едно време ги анимираше децата од сиропиталиште. Официјалните палестински лица и се заблагодарија на делегацијата, а воедно и на Турција за испратената хуманитарната помош.