Ekipa
09 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег приведоа десет Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска соопшти дека синоќа на неколку локации на Западниот Брег привеле Палестинци поради обвиненија за учество во терористички активности.
„Палестинците се приведени поради понатамошна истрага“, се наведува во соопштението.
Израелските сили речиси секој ден извршуваат операции на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) и под различни обвиненија ги приведуваат Палестинците.
Податоците на палестинските затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 6.400 Палестинци, меѓу кои 350 малолетници и 62 жени.
Тензиите на Блискиот Исток се додатно интензивирани по неодамнешното преместување на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс), кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање во својата земја.
Источен Ерусалим (Кудс) останува во центарот на повеќедеценискиот судир на Блискиот Исток.