Besar Ademi
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ја презентираа подготовката за ратификација и спроведување на „Истанбулската конвенција“ - донесување на подобри политики и практики за елиминација на насилството врз жените, јавува Anadolu Agency (AA).
Подготовката за ратификација и спроведување на „Истанбулската конвенција“ е поддржана од Програмата на Обединетите нации (ОН) за развој, која има обезбедено средства во износ од 300 илјади американски долари.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека еден од приоритетите на Владата е да се започне процесот на ратификација на Истанбулската конвенција, но, како што рече ова, потребна е интервенција од страна на државата и можност за користење на меѓународни фондови.
„Ратификација е една работа, но воспоставување на механизам со кој таа конвенција може да биде имплементирана во Македонија бара финансиски средства и бара услуги кои директно ќе се нудат на граѓаните“, рече Царовска.
Царовска додаде дека сексуалното и семејното насилство се најдоминантните напори за насилство врз основа на полот, но во Македонија малку се зборува за тоа и многу малку таквите случаи се пријавуваат. Таа истакна дека ресорот со кој предводува ги прави подготовките за отворање на Центарот за заштита од сексуално насилство, кој ќе работи за сместување на жртвите во текот на последователни постапки од страна на надлежните органи.
Во меѓувреме, министерот за здравство, Арбен Таравари, најави дека ќе отвори уште три центри за справување со дискриминација кон жените.
„Министерството за здравство е подготвено оваа програма да ја развие во три центри кои ќе бидат отворени во Македонија за овие женски лица кои се дискриминирани. Овие три центри ќе бидат во Скопје, Тетово и во Куманово“, рече Таравари.
Од друга страна, постојаната координаторка на ОН и претставник на Програмата за развој на ОН, Луиса Винтон, рече дека спроведувањето на Истанбулската конвенција отсекогаш било приоритет на сите организации на Обединетите нации со канцеларии во Македонија.
„Тешко се наоѓаат точни податоци, но се чини јасно според статистичките податоци од другите земји, дека една на секои три жени во Македонија во текот на нејзиниот живот ќе биде жртва на одредена форма на родово насилство. На глобално ниво, тоа значи дека еден од секое шесто лице на планетава ќе биде жртва на такво насилство", рече Винтон.
На прес-конференцијата беше најавено дека отворањето на центрите се планира да се финализира пред Нова година, бидејќи, како што рекоа, прво се потребни некои измени во законите во Собранието.
Инаку, чекорите на овој проект кои треба да се спроведат според Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против семејното насилство и насилството над жените (позната како Истанбулска конвенција), која е основана во 2011 година. Во светот „Истанбулската конвенција“ е призната како најдобар правен инструмент во борбата против семејното насилство и сите други форми на родово насилство.