Besar Ademi
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Меѓународните набљудувачи на парламентарните избори во Македонија на 11 декември, изјавија дека „овие избори беа конкурентни и суштински чекор за решавањето на двегодишната длабока политичка криза." Тие истакнаа дека изборите се одвиваа во средина на широко застапена недоверба во институциите и политичкото уредување, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународните набљудувачи велат дека конкурентните избори се следат со меѓупартиската соработка за да се стави крај на политичката криза, иако останува потребата за стабилни реформи.
Специјалниот координатор и шеф за краткорочна набљудувачка мисија на ОБСЕ Роберто Батели, изјави дека високата излезност на гласачите покажува дека гласачите ја разбраа клучната улога на слободните избори за иднината на својата земја.
„Политичките чинители сега имаат обврска да ги исполнат овие очекувања. Тие мора да го искористат овој момент и дадениот мандат за продолжување со реформите потребни за иднината на земјата ", рече Батели.
Од друга страна, шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Стефан Шенах, рече дека земјата е на нов крстопат, со што се отвора патот кон нормалност во политичкиот животот. Тој додаде дека сега сите партии мора да ја покажат својата посветеност за управување со земјата на тој пат.
„Различните етнички заедници веќе за време на протестите минатото лето, веќе докажаа дека соработка во насока на заедничка политичка цел е можна. Сега, целата земја треба да ја замени етничката поделба со соработка за градење на нацијата", рече Шенах.
Тој истакна дека додека слободата е почитувана во целина и на учесниците беа во можност слободно да водат кампања, додаде дека има наводи за заплашување на гласачите и голем притисок врз вработените во јавниот сектор, заверен од страна на набљудувачите во голем број на случаи.
Во меѓувреме, шефот на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР Тана Де Зулиета, изјави дека настаните кои доведоа до овие избори кажуваат дека е потребна меѓупартиска соработка за да се најде привремена механизма за решавање на клучните прашања. Таа додаде дека како резултат на тоа, процесот е подобрена, особено во однос на медиумите и законската рамка.
„За овие подобрувања да бидат стабилни, ќе биде потребно да се одговори на основните недостатоци. Ова ќе бара понатамошна соработка и посветеност на системски реформи, што е исто така важно, сеопфатни напори за изборни реформи", рече Зулиета.
Во изјавата за првичните резултати и заклучоци на Меѓународната мисија за набљудување на изборите, се вели дека денот на изборите генерално беше добро спроведен и се одржа без поголеми инциденти.
„Важните подобрувања во изборорното законодавството се однесуваат на дел од претходните препораки на ОДИХР и Венецијанската комисија на Советот на Европа, и привремен механизам за меѓупартиски надзор на главните аспекти на изборниот процес. Сепак, некои препораки останаа незабележани и некои одредби се нејасни", се вели во прелиминарниот извештај.
Во извештајот исто така се спомнува дека различни медиуми, се поделени по политички и етнички линии.
„Иако јавните медиуми генерално понудија еднакво покривање во вестите, некои приватни медиуми покажаа пристрасност во корист на владејачката партија. Важни реформи предвидени за медиуми допрва треба да бидат спроведени",повикаа меѓународните набљудувачи.
Во врска со работата на Државната изборна комисија (ДИК), во извештајот се наведува дека подготовките на оваа институција биле попречени од неефикасната внатрешна организација, политизирани одлуки и скратени правни рокови. Според нив, активностите на Комисијата не секогаш беа транспарентни, често одржуваше затворени седници и не секогаш ги објавуваше своите одлуки.
Според прелиминарните резултати на ДИК од гласањето на предвремените парламентарни избори, по обработени 99,72 отсто од гласовите на 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 452.709 гласови (38,06%), СДСМ и Коалицијата 436.469 (36,69%), ДУИ 86.812 (7,30%), Движење БЕСА 57.927 (4,87%), Алијанса за Албанците 35.091 (2,95%), ДПА 31.017 (2,61%).
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека до ДИК до до три часот изутринава нема добиено никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.
Чичаковски соопшти дека во текот на денешниов ден ДИК ќе излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес.