СКОПЈЕ (АА) - 13. Средба на Заедничкиот консултантски комитет (КПК) на регионите на Европската Унија (ЕУ) и Република Македонија одржан во Скопје, беше посветена на прашањата за проширување на ЕУ, како и на последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во исполнувањето на условите за започнување на преговорите за членство на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата којашто се организира од Заедницата на локалните единици и Министерството за локална самуправа на Македонија, има за цел да се подготви основа за проширување на ЕУ преку напредокот на политичкиот дијалог и соработката меѓу локалните и регионалните власти.
Шефот на политичкиот сектор од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Лукас Холуб, истакна дека денешната средба на КПК претставува еден јасен знак на посветеноста на ЕУ за Македонија, на секое ниво. Тој додаде дека локалната власт игра важна улога во процесот за проширување и интеграција на земјата во ЕУ.
Холуб соопшти дека следната година планираат да започнат еден проект во вредност од 2,2 милиони евра за поддршка на општините, особено нивното зацврстување во услугите кон граѓаните. Но како што рече тој, гледиштата на политичарите и граѓаните сега се фокусирани на изборите на 11 декември, коишто според него се можност политичарите да ја оттргнат земјата од оваа криза и да се напредува во евроатлантската интеграција.
„Неопходно е овие избори да бидат доверливи. Се надеваме дека по изборите ќе се посветиме на реформите, со новата влада, и да дискутираме за тоа како да ја подобриме ситуацијата. Се надеваме дека ова ќе има позитивно влијание врз локалната власт. Оваа година, Европската комисија даде препорака за започнување на преговорите, но под два услова, кредибилни избори и потребните реформи“, изјави Холуб.
Од друга страна, пак, општинскиот советник за образование, култура и образование од Вервие, Белгија, во исто време со-претседавач на Комитетот Жан-Франсоа Истасе, истакна дека општините играт важна улога, затоа што 55% од инвестициите во европските земји доаѓаат од општините. Тој додаде дека преку средбите на овој комитет, ќе се помага евроатлантската интеграција на Македонија.
„Според сегашните политички услови, од аспект на меѓународните односи, јасно е дека Македонија има потреба од Европската Унија, но, исто така, уште појасно е дека ЕУ има потреба од Македонија. Сите услови во ова смисла се создадени, за да се обезбеди напредок и да се охрабрува Комисијата да направи нови чекори во преговорите со Македонија“, изјави Истасе.
Во меѓувреме, министерката за локална самоуправа на Македонија, Ширет Елези, истакна дека денешната средба се одржува веднаш по објавувањето на извештајот на Комисијата за напредокот на Македонија во евроинтеграцискиот процес. „Можам да кажам дека Македонија во периодот по добивањето на овој извештај, со сета сила ќе се посвети на продолжувањето на процесот на реформи, којшто и понатаму ќе биде највисокиот државен приоритет“, рече министерката Елези.
Инаку, КПК е основан во 2008 година и има 22 члена. Единаесет од двете усогласени страни и 11 заменици. Делегатите од Македонија се градоначалници на општини и општински советници.
news_share_descriptionsubscription_contact
