Aydoğan Kalabalık
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
КАИРО (АА) - Парламентарни избори во Египет се одржаат во две фази, а после првиот круг во октомври во 14 изборни единици, денес и утре се отворени избирачките места во останатите 13 региони во Египет, вклучувајќи го и главниот град Каиро, јавуваAnadolu Agency (АА ).
Египетската дијаспора од 13 изборни гласањето го започна вчера, а граѓаните во овие 13 региони во Египет ќе гласаат денеска и утре од 9 часот до 21 часот по локално време.
На гласачките места се регистрирани вкупно 28,2 милиони гласачи, а изборниот процес се одвива со зголемени безбедносни мерки, вклучувајќи 180.000 припадници на силите за безбедност и дополнителни 160.000 војници.
Врховната Изборна комисија на Египет соопшти дека изборниот процес е под надзор на домашни и странски набљудувачи. Во соопштението се вели дека набљудувачката мисија вклучува шест странски институции со 717 луѓе.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ес-Сиси утрово гласаше во избирачкото место во Ал Јадид, источно од Каиро, а на истото гласачко место гласаше и шеикот Ал Азхар Ахмед.