Турција, политика

„Македонија и Турција имаат искрена соработка и поддршка“

Министерката Шекеринска беше пречекана со воена церемонија од страна на турскиот министер за одбрана, Нуретин Џаникли

Ivana Ramadanova  | 21.03.2018 - Обновена : 22.03.2018
„Македонија и Турција имаат искрена соработка и поддршка“ Barış ORAL/AA

Ankara

АНКАРА (АА) - Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска престојува во официјална посета на Република Турција. Посетата се реализира на покана на министерот за национална одбрана на Турција, Нуретин Џаникли, пренесува Agency Anadoly (AA).

Министерот Џаникли на средбата истакна дека Македонија е братска и пријателска земја и дека Турција ја поддржува на патот кон НАТО.

„Ако нема стабилност на Балканот, нема стабилност во Европа, а без европска стабилност, нема стабилност во светот. Балканската стабилност е од големо значење во глобални рамки. Турција ќе продолжи со безрезервната поддршка на Македонија во процесот на реформи во областа на одбраната“, истакна Џаникли.

На средбата министерот Џаникли информираше дека веќе е формирана група за поддршка на реформите во одбраната во Македонија и додаде дека таа група наскоро ќе пристигне во Македонија каде ќе ги оцени потребите и начините како Турција ќе ѝ помогне на Македонија во реализацијата на одбранбените реформи.

Министерката Шекеринска го нагласи и интересот на Владата за соработка во делот на наменската индустрија во Република Македонија, по што беше договорена и посета на турски тимови на соодветните капацитети во нашата држава.

Kако што информираат од ресорното министерство, на средбата со министерот Џаникли, министерката Шекеринска истакна дека Македонија работи напорно за да стане 30. земја – членка на НАТО.

Притоа се заблагодари за континуираната поддршка од Република Турција. „Турција е земјата што постојано ги отвораше вратите за Република Македонија за членство во НАТО – Алијансата. На едно ниво имаме значајна политичка поддршка од Турција, а на друго кое е исто толку важно, е и поддршката во областа на одбранбените реформи и модернизацијата на вооружените сили“, истакна министерката.

На министерката Шекеринска и беше приреден официјален пречек во Анкара.

Македонската делегација го посети мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, неколку турски воено-производни капацитети, како и Потсекретаријатот за одбранбена индустрија, а сотвари средба и со турскиот премиер, Бинали Јилдирим, и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.