Halife Yalçınkaya
04 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
СИВАС (АА) - Три авиони Ф-16 на Турските воздухопловни сили изведоа показен лет над турскиот град Сивас по повод 102-годишнината од Конгресот во Сивас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните во тој турски град имаа можност да уживаат во прекрасната изведба на авионите, кои ги наградија со аплауз.
Многу граѓани ги снимија летовите на авионите Ф-16 со своите мобилни телефони.
Показниот лет траеше околу половина час.
Во Турција денеска се навршуваат 102 години од Конгресот во Сивас.
На денешен ден пред точно 102 години, во градот Сивас во Турција е одржан конгрес на кој делегатите од цела Турција, предводени од Мустафа Кемал Ататурк, усвоија низа важни одлуки за борба за независност и целосност на турската држава. Според многумина, тогаш е запален факелот на борбата за независна и целосна Република Турција.