Cuneyt Davut
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Џунејт Давут -
Бекир Амети ја отпиша ќерката од училиштето поврзано со терористичката организација ФЕТО. Тој вели: „По случувањата во Турција, совеста не ме остави да продолжам да ја школувам таму. На мојата ќерка тука не ѝ било давано образование, туку ја учеле на терор“.
Во интервјуто дадено за Аnadolu Аgency (AA), бизнизменот Бекир Амети од Скопје, рече дека ја отпишал ќерката од приватното основно училиште „Јахја Кемал“ поради поврзаноста на училиштето со ФЕТО.
Амети кој по струка е теолог и има завршено средно образование во Турција, верско училиште имам-хатип, изјави дека по неуспешниот обид за државен удар од страна на ФЕТО, на 15 јули, ја повлекол успешната ќерка која била во петто оделение во основното училиште поврзано со терористичката организација.
„Постојано ме вознемируваше совеста по обидот за државен удар во Турција. Не можев и понатаму да ја школувам ќерка ми во тоа училиште“, вели Амети.Тој исто така додаде дека за одлуката за отпишување на ќерката размислувал околу еден месец, а потоа ја донел конечната одлука.
- „Не сакам да го прифатам ниту нивниот поздрав“ -
Зборувајќи за средбата со надлежните во училиштето при отпишувањето на ќерката, тој рече: „Надлежните луѓе во училиштето ме поздравија. Се обидоа да ме пречекаат добро. Но, одвнатре чувствував дека не можам да го прифатам ниту поздравот, им одговарав со нишање на главата“.
„Поради случувањата во Турција и поради паднатите жртви не се чувствував мирен во душата. Тоа што го направив го сметам како еден вид на протест“, изјави Амети. Во продолжение тој посочи дека е во комуникација и со неколкумина други родители и дека и тие одлучиле да ги повлечат своите деца од училиштето.
Тој пренесува дека во минатите години, кога се ближело времето за запишување на училиште, еден и пол месец однапред бил повикуван да ја изврши уплатата, но оваа година не бил повикан ниту еднаш.
- „Ме посочија како должник за 850 евра“ -
Амети истакна дека при отпишувањето на својата ќерка се соочил со проблеми. Му било кажано дека поради овој проблем не е можно да ја отпише ќерката.
„Според потпишаниот договор за 2015 година, требаше да исплатам 2.505 евра. Но во нивниот систем стоеше дека треба да платам 2.730 евра. Им ги однесов сметките и му ги дадов на сметководителот. Потоа проблемот беше решен“.
Посочувајќи дека потоа повторно бил посочен како должник, Амети додава: „Mе посочија како должник за 850 евра. Овој податок не беше регистриран во системот, тоа беше запишано на еден лист хартија, запис. Во почетокот не сакаа да ми го дадат серификатот, но откако го кренав гласот и се сретнав со директорот и со сметководителот, успеав да ја затворам постапката.
Амети исто така забележа дека при средбата со секретарот на училиштето, на неговото биро видел документи за отпишување и дека според информациите што ги поседува, „уште 7 други родители ќе ги повлечат децата од ова училиште“.
- „Му се извинуваме на турскиот народ“
Во врска со прашањето, Амети изјави: „Познавам еден родител католик, чие дете е во исто одделение со мојата ќерка. Тој реагирал пред мене и го има повлечено детето. При разговор со него, тој ми кажа дека главната причина за оваа одлука е обидот за државен удар во Турција. Ми рече дека мојата ќерка се школува во училиште каде што се учи теророт“.
На крајот, истакнувајќи дека нему лично многу му е жал за обидот за државен удар во Турција. „Има нешто што ме загрижува повеќе од отпишувањето. Се прашувам дали е можно парите што им ги плаќавме да биле употребени за убивање на жртвите. Ова ме боли многу. Му се извинуваме на турскиот народ. Господ да ни прости, не знаевме за замките“, истакна Амети.