Ekipa
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека оние кои ја напаѓаат неговата земја најпрво напаѓаат на џамиите, а тоа не е случајно, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сетете се на 15 јули, скромната џамија недалеку од седиштето на специјалната полиција и џамијата кај зградата на Претседателството беа бомбардирани од авион. Пучистите во Истанбул пукаа кон многу џамии од чии минариња се слушаше повикот. Во Измир е нападнат муезиниот кој го упатуваше повикот. Сето ова не е случајно. Оние кои знаат дека не можат да ја окупираат нашата земја сѐ додека во неа не стивнат езаните и не се спуштат знамињата, токму поради тоа удираат на вакви места”, изјави Ердоган на свеченоста по повод отворањето на реставрираната џамија Јилдиз Хамидије во Истанбул.
Ердоган потсети на значењето на денес отворената џамија како дело кое во себе ги обединува трагите на архитектурата од повеќе периоди, а обновена е 132 години по првобитната градба направена по налог на османлискиот султан Абдулхамид.
„Џамиите, како места во кои петпати дневно се учат езани, каде што се извршува молитва; џамиите како места во кои се одржуваат предавања, се учи Куранот, се обележја и печати на исламот”, додаде претседателот Ердоган:
Турскиот претседател најави и завршување на работата на најголемата џамија во земјата, џамијата Чамлиџа, велејќи дека работата треба да биде завршена за околу година и половина.