Admir Fazlagic
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во весникот „Daily Sabah" објави напис по повод 4. Конференција за посредување која ќе се одржи во Истанбул на тема „Силна дипломатија, ефикасно посредување”, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Експерти, дипломати, применувачи и академски лица од сите четри страни на светот ќе ѓи откриваат патиштата и средствата за унапредување на посредувањето во правец на спречување на конфликт кој што наоѓа и начини на нивно решавање", пишува во текстот министерот Чавушоглу.
„Профилот на посредништвото расте глоблално откако Турција и Финска во Обединетите нации ја поведоа иницијативата под назив 'Посредување за мир'. Иницијативата прерасна во основање на Група пријатели на посредување. Групата сега броји 53 члена, вклучувајќи 48 држави и пет меѓународни организации. Покрај тоа, забележан е напредок вреден за почит и на полето на превентивната дипломатија и посредништво при ОН, регионални и подрегионални институции и невладини организации. Групата, во насока на унапредување на посредништвото, стана водечка платформа при ОН. Покрена усвојување на четири резолуции на Генералното собрание на ОН кое го претставуваат темелот за развој на нормативната и концептуалната рамка за медијацијата. Групата исто така придонесе за 'Насоките на Обединетите нации за ефикасна медијација' од 2012 година, кој што служи како основен документ за сите кои што се активни во посредништвото во целиот свет, од академските лица до оние кои го применуваат", потенцира Чавушоглу.
Министерот Чавушоглу вели дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутиерес, ја изрази желбата да се зголеми уште повеќе капацитетот на подршка за посредништво на ОН, истакнувајќи дека овие напори на генреланиот секретар се достојни за почит.
„И ние како Турција, кон сите членки на ОН упатуваме апел за поддршка на сеопфатната визија и напори на генералниот секретар на ОН, Гутиерес, кон спречување и решавање на конфликтите од денешницата. Турција ја исполнува својата должност достојно. Дотолку повеќе што Турција, е земја којашто се наоѓа на работ на еден широк регион каде сеуште опстојуваат акутни или замрзнати недоразбирања. Токму поради тоа, сфаќањето на спречувањето конфликти и нивно мирно решавање, е една од основните карактеристики на активната и хуманитарна надворешна политика на Турција", пишува шефот на турската дипломатија.
Чавушоглу посочува дека Турција презела разни напори за посредување од Африка, Средниот Исток, Балканските простори и Кафакскиот регион во правец на обезбедување на мирот.
„Оваа година Турција повторно стана најдарежливата земја на светот во смисла на хуманитарната помош по глава на жител", истакнува Чавушоглу.
Турција е домаќин на Истанбулската Конференција за Посредништво од 2012 година па наваму.
„Овие конференции кои што претставуваат гранични обележја, се направени на начин да доведат на едно место повеќе применувачи и академски лица на полето на спречување на конфликти и посредување. Целта на конферециите е да се промовира синергија помеѓу теорија и практика и помагањее за зголемување на обемот на напорите, пристапноста и ефикасноста на посредувањето на меѓународната заедница. Во оваа прилика сакам да упатам благодарност за напорите на посредниците кои секој ден имаат активна улога во разни конфликти низ целиот свет", наведува Чавушоглу.
Оваа година, наведува тој, Конференцијата има за цел да ја истражи методологијата и практикувањето на посредувањето.
„Да се изучува начинот како може посредувањето поефикасно да се земе како основа за дневни потреби. Во таа смисла, особено две прашања ќе бидат испитани. Првото, кои се патеките околу претворање на потенцијалот на посредувањето во дело во сите фази во циклусот на конфликти, со други зборови, почнувајќи од решение без спречување и после ова спроведување на мировниот договор после помирувањето. Второто клучно прашање за кое ќе бараме одговор е тоа, кои модели може да се активираат за да посредништвото како алатка за превенција се користи почесто во непријателски средини поттикнати од политички, етнички и верски предрасуди. Второто од овие прашања, во денешницата е едно поле каде што потребно е да се обрне внимание поради сведоштво од екстремистички тенденции произлезени, за жал, од разни облици на политички, општествени и верски непријателства", истакнува Чавушоглу, кој вели дека пораст во насилството кон Муслиманите и мигрантите во Европа е типичен пример за оваа состојба.
„Во тој контекст, 'превенцијата' пред нас излегува како клучен елемент. Од друга страна, спречување на спорови од ваков тип е можно само доколку се одбере патот општествата да станат свесни за разликите на едни со други, прифаќање на почитувањето на овие разлики и вистински дијалог и интеракција. Во тој контекст, уверен сум дека добро обучените посредници ќе постигнат забележителни успеси на темата правила на културно однесување во врска со одредена ситуација на конфликт. Додека пак, за решенија кои што излегуваат пред нас можат да бидат, повеќе насочување на младите кон обука за посредништвото, поттикување на активностите на жените како посредувачи и опремување на овие групи со правилни алатки. Точно е дека се огромни предизвиците на патот за спроведување на мирот како доминантна глобална реалност. Меѓутоа, наша одговорност е да се видат можностите кои што се наоѓаат во овие предизвици", смета Чавушоглу, порачувајќи:
„Во оваа прилика, желбата и волјата на меѓународната заедница кон зголемувањето на капацитетот за мирно решавање на судирите вклучувајќи го и посредувањето треба да бидат приоритет. Со овие мисли, посакувајќи им 'Добредојдовте во Турција' на учесниците на четвртата Конференција за посредништво Истанбул, ја поканувам меѓународната заедница да биде активна во посредувањето".