Selen Temizer
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
АНКАРА (AA) – Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу беше гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency (AA) и при гостувањето ја коментираше актуелната ситуација во регионот, нагласувајќи дека Турција од почетокот на војната во соседна Сирија се заложуваше за изнаоѓање на политичко решение и воспоставување на мирот.
Потсетувајќи дека американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека постои и "план Б" доколку постигнатиот договор за прекин на огнот до 27 февруари во Сирија биде неуспешен и дека тој план вклучува и опција на поделба на Сирија, Чавушоглу рече дека на база на поранешните искуства САД се "сомнителни" кога е во прашање договор со Русија.
"САД секако го прифаќа фактот дека Русија имаше негативна улога бидејќи продолжуваше со нападите и не ги почитуваше досегашните договори. Сега се обидуваат добронамерно да ја привлечат Русија за преговарачка маса. Некогаш беа и претерано добронамерни во тоа", рече Чавушоглу.
Турскиот министер за надворешни работи изрази загриженост дека договорениот прекин на огнот во Сирија би можел да им помогне на терориситчките групи како што е ПЈД да ја сочуваат територијата која до сега ја заземаа.
"Целта на терористите на ПЈД/ЈПГ е сосема јасна, да ја поделат Сирија и да воспостават сопствена власт. Тие дури не ги ни кријат тие цели. ЈПГ е исто што и ПКК, а тоа е сепаратистичка терористичка организација. Нашата цел во рамките на меѓународната група за поддршка на Сирија не е да по политичкото решение Сирија ја предадаме во рацете на некои групи, туку да осигураме целовитост на таа земја. Терористите на Ел-Нусра и ДАЕШ исто така сакаат да ја поделат Сирија бидејќи се свесни дека не можат ја освојат целата нејзина терирорија. Сакаат да формираат своја власт во регионите кои ги заземаат. На сите нив треба да им се дадат потребните одговори", рече Чавушоглу.
На прашањето дали дојде до промена на ставот на САД за терориситчката организација ЈПГ, Чавушоглу рече дека Вашингтон смета дека ЈПГ е група која навистина се бори против ДАЕШ, а дека тоа е крајно погрешно.
"Во еден телефонски разговор и самиот американски дравен секретар Кери ми рече дека ЈПГ не може да му се верува. Таа терористичка организација веќе почнала да ја издава добербата. Еве во Москва отворија и свој кабинет", рече Чавушоглу.
Коментирајќи ја актуелната борба против терористите на ДАЕШ во Сирија, Чавушоглу рече дека ставот и однесувањето на Турција во тој контекст не се менувале и дека официјална Анкара од почетокот тврди дека паралелно со воздушните операции, мораат да се покренат и копнени и други стратегии за да се порази таа закана за глобалниот мир.
Осврнувајќи се на дипломатската криза помеѓу Турција и Русија, Чавушоглу рече Анкара секогаш се залагала за дијалог како основно средство за надминување на несогласувањата.
Откри дека во текот на средбата со рускиот колега Сергеј Лавров на маргините на конференцијата на ОБСЕ во Белград предложи да се формира заедничка работна група од по четири члена од двете страни со цел да се расветли случајот на соборување на авионот на југот на Турција, но дека досега не добиле никаков одговор од Русија.