Admir Fazlagic
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на денешната прес-конференција во Охрид, придружуван од вицепремиерот за спроведување на Рамковен Договор Хазби Лика, даде објаснување во врска со законското решение што вчера го усвои Владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Заев посочи дека со усвојување на предлог-законот за употреба на јазиците се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија.
„Сите одредби во законското решение се согласно членот 5 од Уставот на Република Македонија. Пакетот законски решенија го праќаме на усвојување во Парламентот, а потоа, откако ќе биде усвоен, и на разгледување пред Венецијанската комисија, со приложените отворени прашања кои не се дел од овој закон”, рече Заев.
Според премиерот, со законските решенија се затвораат прашањата во интерес на граѓаните.
„Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, што значи дека Законот, согласно ова, ја проширува употребата на јазиците во институциите и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик”, нагласи Заев и додаде дека владата има за цел да овозможи полесно функционирање на граѓаните во секојдневниот живот и во комуникацијата со институциите.
„Го ветивме овој Закон како дел од нашиот концепт Eдно општетство за сите граѓани, којшто ја има поддршката од граѓаните и сметаме дека со неговото усвојување покажуваме дека нема од што да бегаме, дека Владата води грижа за сите граѓани”, рече Заев и додаде:
„Македонија – земја на сите граѓани, е концепт во кој силно веруваме. Новата Влада се определи за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Јазични политики ќе се сообразуваат според потребите на граѓаните од сите етнички заедници.”
Како што појасни премиерот Заев, со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, што значи дека Законот, согласно ова, ја проширува употребата на јазиците во институциите и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик.
Пакетот законски решенија ќе биде испратен на усвојувње во Парламентот а потоа откако ќе биде усвоен ќе биде доставен на разгледување пред Венецијанската комисија со приложените отворени прашања кои не се дел од овој закон.