Besar Ademi
18 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонија седма година по ред ќе се приклучи кон светската еколошка акција „Часот на планетата Земја”, каде во времетраење од еден час светлата ќе се изгаснат во околу 178 земји и 7.000 градови низ целиот свет. Одбележувањето на „Часот на планетата Земја” во Македонија ќе се биде утре во часот 20:30, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година низ територијата на Македонија ќе се изгасат светлата на 66 локации, а организаторите велат дека оваа година е нов рекорд во споредба со минатата година, каде што на 64 различни локации во Македонија беа изгаснати светлата по повод „Часот на планетата Земја”.
„Можам да потврдам дека оваа година имаме поголем интерес за ,Часот на планетата Земја' во Македонија. Македонија го надмина бројот на локации кои беа вклучени во акцијата минатата година, така што оваа година, на 66 локации ќе се изгаснат светлата за ,Часот на Земјата' во нашата земја”, рече Ѓорѓи Селков.
Оваа година акцијата е поддржана од страна на Црвениот крст на Македонија, Градот Скопје, ЕВН Македонија и Канцеларијата на УНДП во Македонија. Поддршка на акцијата ќе дадат и голем број на медиуми, невладини организации, бизнис секторот и граѓаните.
„Часот на планетата Земја” е светска еколошка акција која со симболично исклучување на светлата во времетраење од 60 минути има за цел да испрати силна порака за спас на планетата Земја од климатските промени.