Nuray Tunçay
19 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
БАЈКОНУР (АА) - Рускиот вселенски брод „Сојуз TMA-20M” со тројца нови членови на екипажот е лансиран кон Меѓународната вселенска станица (ISS) од космодромот Бајконур во Казахстан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската вселенска агенција „Роскосмос” соопшти дека ракетата којашто ја носи вселенскиот брод „Сојуз” успешно е лансирана од базата Бајконур во Казахстан.
Во екипажот на веселенскиот брод се наоѓа американскиот космонаут Џефри Вилијамс, како и двајцата руски космонаути, Алексеј Овчинин и Олег Скрипочка.
Се очекува вселенскиот брод да пристигне во Меѓународната вселенска станица шест часа по лансирањето.