Melike Kınacı
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ која се спроведува во северниот дел на Сирија, авиони на турските воздухопловни сили во подрачјето на Ал-Баб уништија 12 упоришта на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб ги соопшти податоците за активностите на турските воздухопловни сили на подрачјето на Сирија и нивните акции извршени во средата до 7:00 часот по локално време.
Уништени се три засолништа, две контролни точки, магацин и шест одбранбени и други позиции. По тој повод неутрализирани се најмалку 11 терористи.
Тимовите за контрадиверзиона заштита на подрачјето уништи 21 рачно изработена експлозивна направа.
Од почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ уништени се 2.842 експлозивни направи и 43 мини.
Синоќа започна воздушна акција на три упоришта на ДЕАШ, но беше прекината поради информации дека во близина на упориштата имало цивили.