Mümin Altaş
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 44 припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени во последните 24 часа од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија, a уништени се 109 терористички позиции на тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август 2016 година, во северниот дел на Сирија, со цел да се неутрализираат терористичките закани, особено ДЕАШ, и за да се зајакне безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Офанзивата ја изведуваат силите на сириската опозиција, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана, поддршка им даваат турските сили.
Генералштабот на турската војска соопшти дека во последните 24 часа, односно на 182. ден од офанзивата, турските воздушни, артилериски и копнени сили уништиле 109 новооткриени позиции на ДЕАШ, меѓу кои терористички засолништа, четири воени објекти, магацини, воени возила и контролни места.
Силите на Слободната сириска војска со поддршка на турските сили ја продолжија операцијата за ослободување на градот Ал Баб од терористите на ДЕАШ, а истовремено работат и на неутрализирање на минско-експлозивните средства и тунелите што терористите ги оставиле зад себе во ослободените делови од градот. Притоа загина еден, а повредени се двајца турски војници.
Во изминатите 24 часа, во тие акции беа убиени најмалку 15 терористи, а во воздушните напади на коалициските сили загинаа најмалку 29 терористи на ДЕАШ.