Tutku Şenen
02 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили уништија 80 позиции на ДЕАШ во северна Сирија како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската армија исто така соопшти дека денес загинале тројца опозициски борци, a четворица се повредени за време на вчерашните судири.
ДЕАШ презеде контрола над некои региони во северниот дел на Ахтарин. Судирите меѓу терористите на ДЕАШ и опозициските борци продолжуваат.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ е започната кон крајот на август со цел да се расчисти северната гранична област од терористите. Денес операцијата влегува во 71. ден.
Вкупно 33 мини и 1.379 импровизирани експлозивни уреди беа деактивирани од почетокот на операцијата.