Muhammed Bilal Kenasari
02 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Дени Вилјамс којшто тврди дека е син на поранешнот американски претседател Бил Клинтон побара да му се направи ДНК тест, јавува Anadolu Agency (AA).
Помалку од една недела пред претседателските избори во САД, Вилјамс којшто тврди дека е посинок на демократскиот кандидат за претседател Хилари Клинтон во националиот прес-клуб во Вашингтон одржа прес конференција.
Вилјамс рече: „Јас сум син на Бил Клинтон. Хилари е мојата маќеа и Челси е мојата сестра.“
Тој повика да се направи ДНК тест за да ги докаже своите тврдења.
Ова младо момче коешто живе во државата Аркансас рече дека не се нови овие тврдења и дека уште од 1990 година се обидува да ги докаже истите.
Истакнувајќи дека е син на Бил Клинтон и дека неговата мајка е зависничка од дрога и ја изгубил на мала возраст, Дени посака семејството Клинтон да стапи во контакт со него.
Дени Вилијамс којшто реагираше на прашањето дали е финансиран или не од страна на републиканскиот кандидат Доналд Трамп“рече дека тој самиот ги покрива сите трошоци вклуќувајки ги и трошоците за адвокат и дека нема врска со борбата за претедателските избори во САД.