Bekim Laci
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Тричлената комисија која беше составена од страна на Советот на јавни обвинители, денеска го слушна сведочеoето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, во врска со нејзината одлука двајца обвинители да ја напуштат екипата, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на комисијата, Сашо Василевски во изјава за новинарите по сослушувањето рече дека Јанева во нејзината изјава пред Комисијата се оправдала со малиот обем на работа што резултирало со намалување на нејзиниот тим. Тој објасни дека двете отстранети обвинителки, Лејла Кадриу и Марија Ѓорчева, се обиделе да се вратат на нивните работни места, иако во моментов тие сè уште се појавуваат во Специјалното обвинителство.
„Комисијата нема надлежност да утврдува и презентира, туку само да ја верифицира точноста на изјавите, додека за истото одлуката ќе ја донесе Советот”, рече тој.
Според него потребни се измени во Законот за специјалниот обвинител во кој се предвидува жалбена постапка од втор степен, и додаде дека тој нема идеја како да се однесуваат во слична ситуација во иднина.
Катица Јанева од своја страна, информира дека гореспоменатата комисија ѝ рекла дека постапила во согласност со автономијата што ја има за отстранување на обвинители.
„Во моментов не доаѓаат на работа. Јас сум таа што одлучува кој и како ќе работи во Jавното обвинителство. Оттука нема да кажам ништо повеќе, бидејќи тоа е кажано на Советот”, вели Јанева.
Специјалниот јавен обвинител произлегува од политичкиот договор во месец јуни/јули чија должност е да се справи со нелегално стекнатите материјали кои ги објави лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, со кои се загрозуваат највисоките државни лидери.
Специјалната обвинителка рече дека наскоро ќе одржи прес-конференција на која ќе говори за повеќе детали во врска со својата позиција во однос на работата, додека на 15-ти март деталниот извештај ќе го достави до Собранието и Советот на јавни обвинители.