Nazmi Abduramani
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната седница пред членовите на институцијата одржа состанок за работата на Специјалното Јавно Обвинителство, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод претседателот на Советот на Јавните обвинители, Петар Aневски, изјави денес дека на дневниот ред се дискутирало и за одредени точки по кој е донесена одлука од Специјалното обвинителство да се бараат податоци за добиените материјали кои произлегуваат од незаконските прислушкувања, затоа што, како рече тој, сè уште постои неизвесност за добиените материјали.
„Ние сме надлежни да ги побараме од неа овие податоци. Ние сега се прашуваме колку материјали се добиени и дали се направил записник, бидејќи во согласност со Законот за кривична постапка, кога ќе дојде време за уништување на овие материјали се прави записник во присуство на тие лица, и мора да се знае колку ќе бидат уништени” изјави Аневски.
Потоа тој се осврна и на следната точка на дневниот ред, односно отстранувањето на двете јавни обвинителки од овој Специјалното обвинителство.
"Специјалната обвинителка Катица Јанева отстрани две обвинителки, без каква било одлука или постапка. Ги отстрани со образложение дека не се дел од тимот. Станува збор за јавната обвинителка Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓевска", рече Aневски додавајќи дека тие дошле во неговата канцеларија на 21-ви јануари загрижени поради, како што рече, нивното заминување.
Аневски изјави дека на 25-ти јануари добил писмо од Специјалното јавно обвинителство кое е спротивно на тврдењата дека самите сакале да го напуштат Специјалното обвинителство но и поради намалениот обем на работа. Тој рече дека за овој случај се формира тричлена комисија за испитување зошто се отстранети двете обвинителки.
Инаку, функцијата Специјален јавен обвинител произлегува од политичкиот договор од јуни / јули, чија должност е справување со нелегалниот материјал кој го објави лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, со кои се компромитираат највисоките државни лидери.