СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара истакна дека по формирањето на Владата на Р. Македонија, ќе ја интензивираат меѓусебната соработка во борбата против ФЕТО и додаде: „Ќе застанеме покрај секој што ќе ѝ се спротивстави на структурата на ФЕТО“, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорката Кара за АА изјави дека пред три месеци е назначена за амбасадор на Турција во Скопје и потсети дека парламентарните избори во Македонија се одржаа на 11 декември, но сѐ уште не е формирана владата на Р. Македонија.
Амбасадорката Кара истакна дека вложуваат големи напори во борбата против ФЕТО во Македонија и додаде: „Познати се сите оние што се поврзани со ФЕТО. Првично, борбата против оваа структура започна со тоа. Во Македонија има 7 училишта, весник и трговски организации под името ‘Заман’. Покрај тоа, има и голем број многу важни турски компании и институции во коишто се инфилтрирале на ист начин како што тоа го направиле и во Турција“.
Амбасадорката на Турција во Македонија, Кара, за ФЕТО рече дека во Македонија пристигнал во 90-тите години. Со цел да го убедат народот во земјата, поставиле свои луѓе во медиумите и во училиштата што ги отвораат, но притоа не се задоволиле само со тоа и успеале да се инфилтрираат и во турските институции.
„Ние не ја одредивме во потполност нивната точна бројка, но секој од сопствениците на организациите со кои се сретнав рече дека е против извршителите на обидот за државен удар од 15. јули. И ние, од аспект на опстанок на Република Турција сметаме дека колку повеќе ќе се излезе против оваа структура, толку тоа ќе даде попозитивни резултати“, рече понатаму амбасадорката.
- „Се инфилтрираат, сместуваат и преземаат контрола“
Амбасадорката Кара изјави дека причните резултати воопшто не се задоволувачки и додаде: „Ова го видовме многу јасно. ФЕТО не доволно добро претставен. Информациите што луѓето ги поседуваат, информациите што ги имаат Македонците не се толку јасни и очигледни како оние што ги имаме ние. Започнувајќи од тие факти, почнувајќи од политиката, првенствено било потребно да се остварат средби со лидерите на сите партии во Македонија за да им се претстави колку оваа организација е опасна и дека она што ѝ се случи на Турција, може да ѝ се случи на секоја друга држава“.
Амбасадорката Кара истакна дека една од причините за широката распространетост на структурата на ФЕТО во Македонија во вид на организација е визната либерализација, поради којашто членовите на оваа организација лесно можеле да дојдат и да се сместат во Македонија или да ја користат како транзитна земја.
Амбасадорката Кара рече дека на луѓето од секој сектор одделно им го раскажува обидот за државен удар што го изведе ФЕТО и дека ќе продолжи да го прави тоа.
„Оваа структура се темели на три основи. Првата е инфилтрирање во институции, второ е поставувањето свои луѓе во истата институција, и третата е преземање во свои раце. Тоа се нивни основни аргументи за преземање на една држава. Тоа им го презентирам на владините претставници на Македонија“, истакнува Кара.
Амбасадорката Кара изјави дека во првата фаза по ова прашање зборувала со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и одделно со лидерите на четирите најголеми партии во Македонија.
„Секој од нив имаше една иста мисла: 'Да, многу сте во право за тоа колку е опасна оваа организација. Она што се случи кај вас не значи дека нема да се случи и тука, потребно е да бидеме претпазливи по ова прашање'. Во разговорите рекоа дека штом ќе се формира владата, ќе ни дадат поддршка по ова прашање. Се разбира дека тоа многу позитивно влијаеше на нас“, вели понатаму амбасадорката Кара.
- „Не е лесно да се отвори училиште во странска земја“
Амбасадорката во разговорот рече дека е потребно да се остварат средби со сите институции и на секоја одделно да ѝ се претстави каква структура е ФЕТО, за која се знае дека има училишта во 115 земји.
Амбасадорката Кара ја даде следната процена:
„Ова е многу интересна ситуација. Можете да имате колку сакате пари, но отворање на училите во странска земја е навистина многу тешко. Но можете да забележите дека овие луѓе многу лесно отвораат училиште, каде и да се наоѓаат. Невозможно е еден државјанин на една земја кој е доволно богат, да замине во друга држава и да отвори училиште. Значи дека зад нив стои одредена структура. Постои системот на лобирање. Тоа не се една или две земји. Станува збор за 115 земји“.
Зборувајќи за неизвесноста што постои со владата во Македонија, амбасадорката Кара рече:
„Штом ќе се формира владата на Македонија, ќе ја интензивираме меѓусебната соработката во борбата против ФЕТО, бидејќи постои одлука за разгледување на училиштата кои се во соработка со ФЕТО. Советот на министри на Македонија има донесено ваква одлука, но министерот за образование се спротивставил на таа одлука. Но сигурна сум дека доколку на министерот за образование му се предочат вистинските активности на оваа организација, и овој министер нема да стои против ваквата одлука. Мислам дека никој не би сакал неговата држава да биде жртва на еден таков обид за државен удар. Затоа сметам дека по воспоставувањето на владата на Македонија, многу лесно ќе може да се овозможи преземање на овие училишта во Македонија“.
- „Имаме за цел училиштата да се префрлат на Фондацијата Маариф“
Амбасадорката Кара истакна дека не сака училиштата да се затворат, туку првенствено училиштата да ги преземе македонската влада, а подоцна да бидат префрлени под надлежност на Фондацијата Маариф.
„На средбата со претседателот на Управниот одбор на Фондацијата Маариф бев информирана дека фондацијата во поголем дел подрачја поставува свои претставници. На пример, за Балканот постои еден претставник на оваа фондација, кој одделно ќе ја испита овдешната структура и според тоа би ги започнал работите околу префрлувањето“, рече амбасадорката Кара.
Амбасадорката на Турција, Кара изјави дека вложуваат напори за да ги прекинат врските што луѓето на ФЕТО ги воспоставиле со институциите.
„Во Македонија има една очна болница. Тие имаат свои партнери во Турција. Во болницата работи доктор кој три дена во неделата од Турција доаѓа во Македонија и оперира тука. Слушнав дека за оваа болница се зборува дека е болница на ФЕТО. Извршивме истражувања и видовме дека директорот на болницата низа години работел во весникот ‘Заман’, но сѐ уште не ја прекинал својата врска со нив. Затоа, го повикавме сопственикот на болницата од Турција и разговаравме за работите што треба да ги преземе. Ни беше речено: 'Дајте ни малку време', но ние истакнавме дека е потребно работата што поскоро да се реши. Еден ден по разговорот нѐ информираа дека договорот за работа со дотичното лице бил раскинат и тој повеќе не е нивен вработен. Доколку во секоја земја бидеме внимателни и ги извршиме потребните истражувања, тогаш не верувам дека оваа структура ќе може да опстои во странските земји“, додава Кара.
- „Ги разгледувам сите жалби што пристигнуваат до нас“
Амбасадорката Кара истакна дека во секоја земја постојат членови на ФЕТО.
„Сигурно е дека и тука изнајмуваат куќи, живеат во нив и продолжуваат со своите состаноци. Ги разгледувам сите жалби што пристигнуваат до нас. На многу отворен и јасен начин се прави процена, без оглед на годините. Сметам дека секој поединец и секоја институција, пред да вработи некого треба да го истражи неговото минато. Треба да направат многу добро истражување. Нашите врати се отворени. Потребно е да бидеме поврзани со народот. Ние, како амбасада на Република Турција во Република Македонија, ќе застанеме покрај секој што ќе застане спроти структурата на ФЕТО. Оваа борба против структурата на ФЕТО не треба да ја продолжиме како единка, туку заедно“, истакна амбасадорката Кара.
- „До последниот здив ќе се борам против оваа структура“
Амбасадорката Кара изјави дека на средбите со официјалните претставници на Македонија истакнала дека за Република Турција, Република Македонија е многу важна и значајна.
„Значењето се искажува на следниот начин: Турција е една од првите земји што ја признаа независноста на Република Македонија и таа лојалност може да ја почувствуваме. Не е тешко на Македонија да ѝ се раскаже нашата борба против ФЕТО. Потребно е да ги отвориме вратите, постојано да соработуваме. Ќе се сретнам со претставниците на Македонците, Албанците и на сите останати ентитети во Македонија“, додава амбасадорката во разговорот за АА.
Зборувајќи за борбата против ФЕТО, амбасадорката Кара рече дека ќе зборува и со дипломатските претставници на другите земји во Македонија и за тоа што сѐ е подготвен да направи ФЕТО.
„Оваа организација во ниту еден момент не се плаши од Господ и затоа е потребно секој човек кој има чувства, со сета моќ што ја поседува да се труди од корен да ја исчисти оваа структура. Јас, како Тулин Еркал Кара, до мојот последен здив ќе се борам против оваа структура“, изјави Кара, амбасадор на Република Турција во Република Македонија.
news_share_descriptionsubscription_contact
