Barış Gündoğan
14 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, генерал Хулуси Акар, имаше телефонски разговор со командантот на Сојузничката команда и Европската команда на НАТО, Кертис Скапароти, а темата на разговорот беше Мапата на патот за сирискиот град Мунбич, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на вооружените сили на Република Турција, потврдено е дека за време на разговорот Акар и Скапароти разговарале за безбедносната ситуација во северниот дел на Сирија, како и за Мапата на патот за сирискиот град Мунбич, околу што претходно се согласија Турција и Соединетите Американски Држави (САД).
Акар и Скапароти, исто така, се осврнаа и на имплементацијата на безбедносните принципи што беа договорени во рамките на Мапата на патот за Мунбич.
Делегациите на Турција и САД на крајот од мај во Анкара договорија нацрт-план за решавање на случајот со Мунбич, според кој во неколку фази терористите треба да го напуштат тој регион, а локалното население да ја преземе власта со поддршка на турските и американските сили.
На почетокот на јуни во Вашингтон се сретнаа шефовите на турската и американската дипломатија, Мевлут Чавушоглу и Мајк Помпео, и ја потврдија Мапата на патот за воспоставување безбедност и стабилност во Мунбич.