Burcu Çalık
02 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – На вчерашната средба меѓу началникот на турскиот Генералштаб Хулуси Акар и неговиот руски колега, генерал Валери Герасимов, беше разговарано за развој на соработката и нејзино продолжуваање меѓу двете држави во однос на решавањето на судирите во Сирија и нормализирање на ситуацијата во Алепо, како и отстранување на заканата од ДЕАШ и спроведување на безбедноста во реонот во најкраток временски период, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб објави соопштение во врска со вчерашната средба помеѓу двајцата началници.
Во соопштението стои дека средбата поминала во позитивна атмосфера, а двајцата колеги разговарале за развој на соработката и за нејзино продолжуваање меѓу двете држави во однос на решавањето на судирите во Сирија и нормализирање на ситуацијата во Алепо, како и за отстранување на заканата од ДЕАШ и спроведување на безбедноста во регионот во најкраток можен временски период. Тие размениле мислења во врска со овие теми.