Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а десетици лица се повредени во воздушните напади што утринава во Идлиб ги изведоа силите на сириската армија лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Активисти од Цивилната заштита за АА изјавија дека авиони на сириската армија утрово го бомбардирале населеното место Кафр Тахарим, во северозападниот дел на покраината Идлиб.
Во нападот загинале најмалку петмина, а десетици цивили се повредени.
Спасувачките екипи составени од локални активисти се на теренот, со цел од под урнатините да извлечат најмалку 21 заробено лице.
Повредените се пренесени во импровизирани медицински центри, а од нив неколкумина се во животна опасност, па се стравува дека билансот на жртвите може да се зголеми.