свет

Главниот град на Јемен мета на воздушни напади на САД и Велика Британија

- Нападот се случи два дена откако Сана и локациите во западната провинција Ал Худајда, вклучително и нејзиното пристаниште, беа цел на 16 израелски воздушни напади.

Rania R.a. Abushamala  | 22.12.2024 - Обновена : 22.12.2024
Главниот град на Јемен мета на воздушни напади на САД и Велика Британија

САНА (АА) - Силите на САД и Велика Британија извршија воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен, доцна во саботата, објави движењето Хуси, пренесува Анадолу.

„Цел на нападот беше областа Атан во Сана“, наведе телевизијата ‘Ал Масира’, блиска до движењето Хуси во Јемен.

Детали за нападот и евентуални жртви не се објавени.

САД и Велика Британија не се огласија во врска со последните случувања.

Нападот се случи два дена откако Сана и локациите во западната провинција Ал Худајда, вклучително и нејзиното пристаниште, беа цел на 16 израелски воздушни напади.

Како одговор, Хусите лансираа балистичка ракета во регионот на Тел Авив рано во саботата, што резултираше со 20 полесни повреди и оштетување на неколку десетици објекти, објави претходно израелскиот весник ‘Хаарец’.

Хусите, во знак на солидарност со Газа, која се соочува со израелската геноцидна војна од 7 октомври 2023 година, со проектили и беспилотни летала ги гаѓаа израелските товарни бродови или бродови кои пловат за Тел Авив во Црвеното Море, изразувајќи ја својата решеност да продолжат операции се додека не завршат нападите врз палестинската територија.

Од почетокот на 2024 година, коалицијата предводена од САД изведува воздушни напади за кои вели дека се насочени кон локации на Хусите во делови на Јемен, како одговор на нападите на групата во Црвеното Море.

Со интервенција на Вашингтон и Лондон и ескалација на тензиите, Хусите објавија дека ги сметаат сите американски и британски бродови за воени цели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.