Ercan Canbolat
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека е кандидат за претседателските избори во 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Бајден во разговор со новинарите изјави дека би можел да учествува на изборите во 2020 година.
„Да, кандидат сум за претседателските избори во 2020 година“, порача Бајден. Одговарајќи на новинарското прашање за тоа дали станува збор за шега на потпретседателот на САД, тој нагласи дека не се обврзува и не ветува ништо, но јавно порача дека судбината знае да направи необични интервенции.
Бајден, кој сега има 74 години, во 1988 и во 2008 година беше кандидат во име на демократите. Доколку се кандидира на изборите во 2020 година и биде избран, ќе биде најстариот претседател во историјата на САД.