Ekip
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - ПКК е терористичка организации и она што продолжува да го прави е многу валкано, изјави заменик-претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, по средбата со премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, во Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
На прес-конференцијата, Бајден рече дека американските односи со Турција се многу важни и дека меѓу двете земји нема недоразбирање. "Кога станува збор за нашите стратешки прашања, ние немаме несогласувања", рече Бајден.
Тој посочи дека на средбата се разговарало за заедничките напори во борбата против терористичката организација ДАЕШ, истакнувајќи дека меѓу САД и Турција не постои несогласување за тоа дека ДАЕШ така и ПКК и Ал Нусра се терористички организации. "Заедно, можеме да ги искорениме овие терористички организации", рече заменик-претседателот и нагласи дека двете земји имаат силна волја да го поразат ДАЕШ.
"Денес сме се согласиле дека треба да направиме уште повеќе. Разговаравме за тоа како да се обезбеди поголема поддршка за локалните сунитски и арапски сили за да се спречи пристапот на ДАЕШ до турската граница", рече Бајден.
Кога станува збор за решавање на ситуацијата во Сирија од политичка гледна точка, Бајден рече дека САД и Турција треба да работат заедно и додаде дека за ова прашање "не се ниту оптимисти ниту песимисти, туку одлучни".
Во случај да не се дојде до политичко решение за кризата во Сирија, Бајден рече дека ќе продолжат нападите врз ДАЕШ. Тој нагласи дека ДАЕШ не е единствената терористичка организација, која и се заканува на Турција, како и дека терористичката организација ПКК е подеднакво е закана за оваа земја.
"Ако сакаме да бидеме отворени, ПКК е терористичка организација" и она што тие продолжуваат да го прават е многу нечисто", рече Бајден. Турција треба да продолжи да го прави она што треба да направи кога станува збор за заштита на сопствениот народ. На средбата станало збор и за образовниот камп Башик, во близина на ирачкиот град Мосул.
"Се надеваме дека заедно со Анкара и Багдад, како и други поврзани страни, можеме да најдеме решение и дека со заеднички и координирани напори ќе го поразиме ДАЕШ и го вратиме Мосул, истовремено да спречиме ДАЕШ да биде продолжена рака на некои други земји во регионот", рече Бајден.