Özüm Yalkın
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
БРИСЕЛ (AA) - Во текот на антитерористичката акција во повеќе белгиски градови приведени се најмалку 40 лица меѓу кои 12 од нив се уапсени поради планирање на терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералното обвинителство соопшти дека белгиската полиција во рамките на антитерористичките акции во Брисел и другите градови, синоќа и утрово изврши претреси во 40 станови и уште 150 други стамбени објекти.
Во текот на акцијата приведни се најмалку 40 лица, меѓу кои 12 од нив по криминална обработка се задржани во притвор поради сомнежи дека учествувале во планирање на терористички напади во оваа земја.
Од обвинителството исто така е наведено дека во текот на претресот не е запленето било какво оружје или експлозив, како и дека наведените акции немаат врска со терористичките напади од 22 март во Брисел.