Mintaha Neslihan Eroğlu
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - По вооружениот напад во градот Сан Бернардино во САД, во кој загинаа 14 луѓе, низ целата земја се зголемија злосторствата од омраза, а учениците на католичкото училиште во Калифорнија го посетија приватното муслиманско училиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Учениците на католичкото училиште Хоторн Св. Јосиф за да реагираат против антиисламски повици го посетија муслиманското училиште Ал Худа, каде што испратија пораки на мир и единство.
Учениците кои влегоа во училиште со парола "Да се сакаме еден со друг", со потписите на стотици ученици, беа пречекани со цвеќиња од страна на домаќинското училиште.
Претставничката на училиштето "Св.Католичка Јосиф" , Емили Нобл, повика на единство говорејќи:
"Сакам сите да знаат дека ние сме тука за вас, вие не може да се исклучите, не можете да бидете изложени на екстремизам, бидејќи ова не е пораката на Господ".
Ученичката од осмо одделение на исламското училиште Ал Худа, Бадри Нор рече: "За жал, ние погрешно се прикажуваме, исламот е религија на мирот, се надеваме дека целиот свет ќе го разбере ова", кажа таа.
Од друга страна свештеникот на католичката црква Св. Јосиф, Грег Кинг, кој беше во придружба на учениците на нивната посета на муслиманското училиште одржа говор.
„Лекот и мирот се плодовите на Божјата љубов. Плодовите на страв, поделба и насилство произлегуваат од злото и не се во ред. Се надевам дека оние кои го користат името на Исус, во нивните злосторства, ќе бидат свесни и ќе се ориентираат кон мирот и лекувањето" , рече Грег Кинг.
По престојувањето на учениците во муслиманското училиште, сите заедно се прегрнаа и ја отпеа песната "Бог да ја благослови Америка".
Муслиманското училиште на исламскиот центар, по нападот во Сан Бернардино два пати беше цел на нападите од омраза во писмена и усмена форма. Училиштето после првиот напад беше затворено два дена.