????? ??????????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска пред медиумите излезе со оценка за извештајот на на ЕК за напредокот на Македонија. Тој изјави дека Секретаријатот за Европски прашања веќе го има направено првото читање на Извештајот од Европската Комисија, додавајќи дека е направена и анализа која вчера беше презентирана на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).
“Исклучително е важно што и оваа година се спомнува препораката односно спремноста на Европската Унија за да даде препорака за започнување на преговори за Република Македонија за нејзино членство во ЕУ и многу е важно тоа што Македонија во однос на содржината на извештајот треба да работи на целосна имплементација на реформите како и исполнување на политичкиот договор. Условната препорака за нас значи уште повеќе работа и фокус во однос на постигнување на целите за Македонија и во наредниот период остане на патот за отворање на преговорите со ЕУ”, рече Бесими.
Тој истакна дека во наредниот период ќе бидат превземемени наредните чекори, а тоа значи дека веќе оваа недела ќе се започне со транспарентна и инклузивана работа, додавајќи дека Секретаријатот за европски прашања веќе работи на тоа што го пишува во извештајот и реформите кои се очекуваат од Македонија.