????? ??????????-???????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ЗАГРЕБ (АА) – Словенската војска рано утринава започна да поставува висока жичена ограда висока околу два метри, на шенгенската граница кон Хрватска, јави репортерот на Anadolu Agency.
Според најавите на Владата на Словенија, оградата би требала да помогне во насочување на движењето на мигрантите кои се наоѓаат на “балканската рута“ низ Словенија. Првите пет метри ограда поставени се кај местото Велики Обеж во Словенија во близина на реката Сутла, но и на други пунктови шурум граничната линија со Хрватска. Оградата се состои од метални столбови забиени во земјата кои се високи околу 180 центиметри.
Помеѓу столбовите, војниците развлекуваат жица која на граница ја донесуваат воeни камиони. Војската на словенската страна на границата забрани пристап на местата на кои се поставува оградата, непосредно низ обалата на реката Сутла. Според најавите од Словенија, ќе биде поставено околу 150 километри ограда.
Поставување на технички бариери на дел од границата помеѓу Словенија и Хрватска во вторникот ја најави словенечкиот премиер Миро Церар. Тој рече дека тоа подразбира поставување и жичана ограда на поединечни делови од границата, која воедно е и шенгенска граница. Напомена дека поставувањето техничка бариера не значи затворање на словенската граница.
„Повторувам дека Словенија не ја затвора границата, туку со ова само го спречува неконтролираниот и раштркан влез на бегалците во земјата“, рече Церар.
Словенската влада во понеделникот навечер одржа вонредна седница на која е донесена политичка одлука за превземање на итни мерки во врска со новиот бран мигранти.
Според информациите на Владата, кон Грција се движи група од околу 30.000 мигранти од Блискиот и Средниот Исток, кои, при обидот да стигнат во земјите од западна Европа, ќе тргнат по „балканската рута“, која поминува и низ Словенија.
Со оглед на најавите на Австрија и Германија за смалување на бројот на мигрантите кои ќе ги пропуштаат низ нивните граници, тоа може да доведе до задржување на неколку илјади луѓе во Словенија, која поради ограничените капацитети нема да може да им пружи адекватно сместување, храна и здравствена заштита. Според зборовите на Церар, тоа би можело да произведе хуманитарна катастрофа.