Admir Fazlagikj
13 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Република Македонија денеска во рамкиТЕ на 124. седница на предлог на премиерот за спроведување на предвремените парламентарни избори Емил Димитриев, за министер без ресор го избра Бејџан Иљас, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно, пратениците од оваа функција го разрешија Фуркан Чако.
Премиерот за спроведување на изборите Димитриев, образложи дека Демократската партија на Турците во Македонија до него доставила допис со барање за замена на министерот без ресор со ново лице, со образложение дека со него ќе има поефикасно функционирање на овој ресор којшто главно работел на соработката со Турција.
Иљас, по професија е лекар-специјалист вработен во Клиничката болница во Тетово, советник во Општина Теарце и заменик претседател на Демократската партија на Турците.