Vedat Yücebaş
11 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот без ресор, Фуркан Чако изјави дека во насока на тоа да се откријат активностите на терористичката организација ФЕТО, од правен аспект, и за да се стави крај на тие активности, почнале да се преземаат мерки, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот со турско потекло, за АА потсети дека неговата област на одговорност се надворешните инвестиции, и рече дека во овој контекст, по процесот од 17 до 25 декември, компаниите што доаѓаат од Турција во Македонија специјално се испитувани дали се поврзани со ФЕТО или не. Како што рече тој, во координација се со надлежните кои преземаат мерки, и покажуваат голема прецизност во врска со откривањето на тоа.
„Во оваа област, капиталот е од многу големо значење и обрнавме внимание да го спречиме протокот на овој капитал и продолжуваме да го спречуваме. Во насока на консултациите што ги имавме со нашите соговорници во Турција, почнавме да преземаме мерки за структурата на ФЕТО потполно да излезе на виделина од правен аспект и отсега натаму да се стави крај на нејзините активности“, рече Чако.
Исто така, тој истакна дека опширно ги информирал надлежните во македонската Влада и државните надлежни лица во врска со тоа што претставува ФЕТО и каков став треба да се има против оваа терористичка организација.
Понатаму тој истакна дека поради односите на ниво на стратешко партнертво меѓу двете држави, се дава големо значење на истрагата на организации поврзани со ФЕТО во Македонија и тие на оваа тема се ангажирале земајќи ги предвид големото пријателство и односите меѓу двете држави.
- Организации на ФЕТО во Македонија -
ФЕТО, која Турција ја дефинира како „татковина“, таму направи обид за државен удар ноќта на 15 јули.
Чако истакна дека исто како и во повеќе други држави, така и во Македонија ФЕТО делува во различни сфери. Тој додаде дека организацијата спроведува и образовни активности во училиштата во Македонија, кои се познати како „турски училишта“. Исто така, била застапена и во медиумите.
Чако наведе дека ФЕТО во Македонија се организира и преку здруженијата на бизнисмените, и дека сето ова било познато во јавноста. Тој вели дека слушнал оти Турците што живеат во Македонија веќе не ги пуштале децата во училиштата што имаат поврзаност со ФЕТО, ги отпишувале.
„Упатуваме повик до нашиот народ своите деца веќе да не ги пуштаaт во овие училишта”, рече Чако и додаде дека оваа структура, претходно, само поради тоа што била со потекло од Турција, ги користела услужливоста, љубезноста, гостопримството и добродетелството на народот. Но сега таа веќе добро ѝ е позната и на јавноста, па народот е на страната на претседателот Реџеп Таип Ердоган и ќе продолжи да биде, нагласи Чако.
Тој на крајот додаде: „И мојот личен став, и ставот на Турците што живеат во Македонија, и ставот на сите други заедници кои стојат зад нашите сонародници и Турција е јасен: против ФЕТО и против структурирањата на ФЕТО“.