Vesna Besiç
02 Септември 2016•Ажурирано: 03 Септември 2016
САРАЕВО (АА) - Делегацијата на хуманитарната организација „ Мерхамет” МДД, која ја предводеше претседателот на оваа хуманитарна организација Хајрудин Шахиќ, ги посети поплавените подрачја во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на посетата и разговорот со претставниците на надлежните институции во Скопје, делегацијата „ Мерхамет” се запозна со моментална ситуација на подрачјето погодено од неодамнешните поплави.
Претседателот на „Мерхамет” , Хајрудин Шахиќ, ги извести своите домаќини дека оваа организација во БиХ започнала хуманитарна акција за собирање на помош за граѓаните на Македонија, погодени од поплавите.
Акцијата ја спроведуваат сите регионални одбори на „Мерхамет” со своите организациски единици ширум БиХ.
„Мерхамет” не го заборави добротворството на граѓаните на Македонија, ниту фактот дека Македонија, за време на агресијата во БиХ, примила голем број на бегалци од БиХ и им пружила засолниште.
„Не ја заборавивме помошта на Македонија на нашите граѓани чиј имот страдаше за време на катастрофалните поплави и свлечишта во мај 2014 година. Мерхамет сакаше на овој начин да и се одолжи на Македонија и нејзините граѓани, изјави Шахиќ за време на средбата во Скопје”, наведуваат од „ Мерхамет ”.
Помошта за граѓаните на Македонија загрозени со поплави може да се донира по пат на хуманитарните каси на „Мерхамет” во сите поголеми градови на БиХ или со уплатувања во сите регионални одбори на „ Мерхамет” и во седиштето на оваа хуманитарна организација во Сараево.