Halit Süleyman
02 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушни напади изведени во областите под контрола на опозициските сили, во Алепо, на северот од Сирија, животот го загубија 5 лица, а 11 други се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на цивилната одбрана во Алепо, Ебу Мустафа, во изјава за АА истакна дека воените авиони на Русија и режимот го бомбардирале округот Етариб, кој се наоѓа во западниот дел на градот, местата Урум ел-Кубра и Хан Асел, како и населените места во областа на селото Кефер Наха.
Ебу Мустафа информираше дека во воздушните напади врз Урум ел-Кубра во Етариб, животот го загубиле 5 лица, а 11 други биле повредени. Тој исто така истакна дека во бомбардираните места била причинета голема штета.
Источниот дел на центарот на Алепо уште од 4 септември е под опсада. Опозициските сили минатиот петок ја започнаа операцијата за преземање на западните делови на Алепо.